Спорт 22. јули 2018. / 19:16

Три фудбалски легенди денеска објавија дека одат во пензија

Три фудбалски легенди денеска објавија дека одат во пензија

Во еден три фудбалски легенди, три асови на светскиот фудбал објавија крај на кариерите.

Во Русија на тој чекор се одлучија легендарните браќа Березутски, а во Мексико уште полегендарниот.

Алексеј и Василиј Березетуски 16 години минаа во ЦСКА Москва.

Да се биде 16 години во еден клуб, тоа е неверојатен период. Кога ги потпишувавме првите договори со ЦСКА имавме по 19 години и беше невозможно да замислиме дека нашиот пат ќе биде вака успешен, помеѓу останатото порачаа браќата Березутски.

Заедно за ЦСКА одиграа 1033 натпревари и 159 меча за репрезентацијата.

На другиот крај на планетата пак, 39 годишниот Маркез го одигра својот петти Мундијал и ги закачи копачките на клин.

Тој играше за голем број клубови, а најдолго остана во Барселона, каде настапуваше од 2003 до 2010 година.

За репрезентацијата на Мексико забележа 146 настапи, на кои постигна 19 голови.