Спорт 20. декември 2018. / 22:11

Третолигашот Осогово со „понуда“ за Мурињо: Дојди си кај нас, ќе го научиш македонскиот јазик

Португалскиот стручњак Жозе Мурињо пред два дена доби отказ од Манчестер јунајтед, а со „понуда“ за тренерското столче на Мурињо е македонскиот третолигаш Осогово.

Тој на својот Твитер налог на моше духовит начин испрати „понуда“ до тренерот, да дојде и да работи во Македонија.

-Мурињо, дојди си кај нас. Нема што да загубиш бидејќи сигурно ќе бидеме шампиони, а патем ќе го научиш македонскиот јазик, пишува во твитот на тимот од Кочани.