Спорт

Трагедија: Загина легендарниот фудбалер на англиските клубови

Трагедија: Загина легендарниот фудбалер на англиските клубови

Страшна трагедија го потресе фудбалскиот свет.

Еден од познатите играчи од Премиер лигата од крајот на минатиот и почетокот на овој век, Џеј Лојд Семјуел, загина во сообраќајна несреќа.

Долгогодишниот член на Астон Вила настрада во директен судир кој се случи утрово, откако ги одведе децата во училиште.

Веста за трагедијата на 37-годишниот поранешен фудбалер го објави фудбалскиот сојуз.

-Добивме ужасни вести дека нашиот поранешен репрезентативец и играч на Астон Вила и Болтон, Џеј Лојд Семјуел, загина во сообраќајна несреќа во Англија, ова утро, известуваат од Фудбалскиот сојуз на Тринидад и Тобаго