Фернандо Торес е близу до одлуката да му се придружи на поранешниот соиграч од репрезентацијата Андрес Иниеста и кариерата да ја продолжи во Јапонија.
Торес го заврши вториот мандат во Атлетико Мадрид, во кој постигна 120 голови на 347 натпревари.
Клубот Саган Тосу, на својот сајт првично објави дека 30-годишниот напаѓач потпишал договор на две години, но брзо ја избришале објавата, со образложение дека Торес е на чекор да премине во тој клуб.
Во новиот клуб Торес ќе заработува 80.000 евра неделно, односно повеќе од четири милиони годишно.