Спорт 09. јуни 2018. / 21:06

Тажна вест: Почина легендарна тенисерка (ФОТО)

Тажна вест: Почина легендарна тенисерка (ФОТО)

Тенискиот свет денеска доживеа шок откако дозна дека загина повеќекратната шампионка на Вимблдон и УС Опен.

Легендарната бразилска тенисерка Марија Буено умре на 78 години.

Како што се наведува, Буено во вторникот била примена во болница во Сао Пауло, а во петокот е потврдено дека поранешната тенисерка умрела после долга борба со ракот.

Од 1959 до 1966 година, Марија освоила вкупно 19 гренд слем титули, седум во сингл, 11 во двојки, а еден микс. Играла во финалето на Ролан Гарос и Австралија Опен.