Најдобриот фудбалер на Словачка Јозеф Адамец, почина пред Божиќ, на 76 годишна воздраст, во болницата во Транава.
Напаѓачот пет пати беше шампион со Спартак Трнава, клубот во кој помина најголем дел од кариерата и со кого стигна до полуфиналето на Европскиот куп на шампионите во 1969 година губејќи во двомечот од Ајакс на Јохан Кројф.
Адамец одигра 44 натпревари за поранешна Чехословачка реализирајќи 14 голови. Тој беше член на селекцијата која стигна до финалето на СП 1962 во Чиле.
Адамец 30 години работеше како тренер на повеќе словачки клубови, во клубови од Чешка и Австрија. Од 1999 до 2001 работеше и како селектор на Словачка. Неговиот последен ангажман беше во Спартак Трнава во 2008 година.