Спорт

Стоилов: Живеам да играм пред полна сала

Стоилов: Живеам да играм пред полна сала

Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов пред стартот на завршницата во СЕХА-лигата испрати порака до фановите.

Останува еден ден до стартот на фајнл-форот во СЕХА-лигата. СЦ „Јане Сандански“ е подготвен за спектаклот во регионалното натпреварување, каде Вардар е бранител на титулата. Избраниците на Раул Гонзалез пред домашната публика ќе имаат шанса да испишат историја, да постанат првиот тим кој успеал двапати по ред да го подигне пехарот.

Прва пречка е Мешков Брест, единствената екипа која во регуларниот дел од сезоната успеа да му земе бод на шампионот. Дуелот се игра утре со почеток во 17:45 часот, билети за овој полуфинален ден има уште малку.

Пред стартот на завршницата, капитенот на Вардар Стојанче Стоилов испрати порака до фановите на македонскиот тим.

„Играњето пред полна Арена ми значи многу, живеам за тоа“, е порака на Стоилов за магазинот на СЕХА.

Денешниот ден е резервиран за прес-конференции, во Скопје пристинаа сите учесници: Мешков Брест, ППД Загреб и Цејле.