Спорт 14. јануари 2020. / 20:45

Стоилов: Недозволиви се такви грешки, вината за поразот е кај нас

Стоилов: Недозволиви се такви грешки, вината за поразот е кај нас

Ракометарите на Македонија го завршија својот настап на третото место од групата Б на Европското првенство, со поразот од Австрија од 32-28. Сепак резултатот не е вистинска слика за тоа што се случуваше на теренот, бидејќи Македонија беше целосно надиграна и на моменти имаше двоцифрена негатива.

По натпреварот пивотменот на Вардар, Стојанче Стоилов како и секогаш кога е потребно беше самокритичен и призна дека вината е кај играчите. Тој смета дека многуте грешки и падови на концетрацијата се клучни за ваквото издание.

„Незнам што да кажам. Концентрацијата беше на ниско нив, имавме многу падови во играта. Недозволиво е на вакво натпреварување да се случуваат такви грешки. Вината е кај нас играчите. Недостигаше концентрација, секој по една грешка ако направи и натпреварот е загубен“, истакна Стоилов.

Со овој пораз Македонија освен што го заврши настапот на Европското првенство во Австрија, Шведска и Данска, заврши и сонот за играње квалификации за Олимписките игри.

извор: gol.mk