Ракометарот на Вардар и македонската репрезентација, Стојанче Стоилов демонстративно го напуштил изборот на Спортист на годината во организација на Агенција за млади и спорт.
Капитенот на „црвено црните“ се налутил кога преставниците од албанските клубови добитници на награди на присутните им се обратилe на албански јазик. Стоилов на излегување од салата ја треснал вратата и заминал.
Наградата за најдобар спортист во машка конкуренција замина во рацете на каратистот Емил Павлов, додека за најдобра спортистка прогласена беше ракометарката Сара Ристовска. Најдобар спортист во странство е Кирил Лазаров, а добитници на признанија беа машката и женската ракометна репрезентација, Карате федерација на Македонија и други.
Добитници на награди:
Најуспешен спортист: Емил Павлов (карате)
Најуспешна спортистка: Сара Ристовска (ракомет)
Најуспешен спортист во странство: Кирил Лазаров (ракомет)
Најуспешна федерација: Карате федерација на Македонија
Најуспешен тренер: Сашко Арсовски (карате)
Најуспешен машки национален тим: Ракометна репрезентација
Најуспешен женски ракометен тим: Ракометна репрезентација
Најуспешен спортисти со инвалидидет: Оливера Наковска-Бикова (стрелаштво)
Најдобар млад спортист: Фахик Весели (карате) – сребрен медал ЕП, бронзен медал МОИ
Најдобра млада спортистка: Анамарија Георгиевска (таеквондо), бронзен медал на СП во Тунис
Најуспешен клуб универзитети: Мал фудбал УКИМ
Најуспешен клуб средни училишта: „8 Септември“ – Тетово
Најуспешен клуб основни училишта: „Тефејуз“ – Чаир