Спорт 09. септември 2018. / 16:19

Сред трка се обиде да го убие ривалот: Му ја притисна кочницата при брзина од 200 км/ч (ВИДЕО)

Сред трка се обиде да го убие ривалот: Му ја притисна кочницата при брзина од 200 км/ч (ВИДЕО)

На денешната трка за Големата награда на Сан Марино во „Мизано“ во рамки на Мото 2 шампионатот се случи неверојатно бизарен инцидент, пренесе Спорт1.

Романо Фенати и Стефано Манци водеа битка, а во еден момент за малку ќе го удреше Фенати и ќе го избуткаше од трката. За да се реваншира, Фенати реши да му ја притисни кочницата на ривалот за време на еден дуел и тоа при огромна брзина од 200 километри на час.

За среќа немаше излетување или некој поголем инцидент. Фенати веднаш беше дисквалификуван од трката.