Спорт 02. јануари 2019. / 15:03

Сопругата на Шумахер ја соопшти неговата желба пред утрешниот важен ден за семејството

Сопругата на Шумахер ја соопшти неговата желба пред утрешниот важен ден за семејството

Корина Шумахер, сопругата на славниот возач на Формула 1 Михаил Шумахер, се обрати до јавност непосредно пред 50-от роденден на легендарниот спортист.

Имено, Шумахер на 3-ти јануари ќе го прослави својот јубилеен роденден.

– Драго ние и од срце ви се заблагодаруваме што ќе го прославите 50-от роденден на Миахил заедно со него и со нас. Можете да бидете сигурни дека е во добри раце и дека правиме се што е возможно за да му помогнеме. Ве молам за разбирање бидејќи постапуваме по негова желба, па чуствителните теми како што е здравјето ги оставаме во приватната сфера. Ви благодариме на вашето пријателство и ви посакуваме многу среа и здравје во 2019 година, стои во соопштението на сопругата на Шумахер.