Манчестер Јунајтед синоќа ја оствари втората победа под водство на новиот тренер Солскјер – на Олд Трафорд беше поразена екипата на Хадерсфилд.
Пол Погба кој што во изминатиот период се најде на мета на критики и беше во лоши односи со поранешниот тренер Жозе Мурињо, синоќа одигра одлична партија и постигна два погодоци.
Секако, после натпреварот, новиот тренер Оле Гунар Солскјер го пофали Французинот.
-Тоа е Пол Погба кој го познавам уште од времето кога беше дел од младинската и резервната екипа. Секогаш беше среќен, секогаш имаше голема насмевка на лицето, а кога ќе постигнете два гола, нормално дека повторно ќе бидете среќни. Тоа е негова реакција, а Пол ужива да игра за Јунајтед. Тој е наш од глава до пети и знае што значи да се игра за овој клуб – изјави Солскјер.