Спорт 16. август 2018. / 12:58

Следни домаќини на УЕФА Супер Купот се Истанбул и Порто

Следни домаќини на УЕФА Супер Купот се Истанбул и Порто

Натпреварот за Суперкупот на УЕФА во 2019 година ќе се одржи во Истанбул, Турција на стадионот на Бешикташ „Водафон Арена“, објави Европската фудбалска федерација на својата веб-страница.

Во 2020 година домаќин на Супер купот ќе биде португалскиот град Порто.

Натпреварот за УЕФА Супер Купот 2018 се одигра синоќа во Талин, Естонија и заврши со победа на Атлетико Мадрид над Реал Мадрид со 4:2.

МИА