Спорт

Сјајни фотографии од хрватскиот делириум по голот на Манџукиќ (ФОТО)

Сјајни фотографии од хрватскиот делириум по голот на Манџукиќ (ФОТО)

Јури Кортез е мексикански новинар и уредник на агенцијата АФП, а синоќа стана дел од историјата откако хрватските играчи, првенствено Марио Манџукиќ, го „срушиле“ по победничкиот гол.

Манџукиќ ја донесе победата на Хрватска во 109′, па играчите во еуфорија славејќи го голот, го „срушиле“ фотографот.

Сепак Кортез останал професионален и во таа прилика го фотографирал делириумот на Хрватите.