Сепак, Лејкерс не ја слават премногу победата, бидејќи нивната прва ѕвезда Леброн Џејмс заработи повреда на препоните. Тој го напушти теренот во третата четвртина откако почувствува истегнување на препоната. Денеска тој ќе оди на магнетна резонанца, па ќе биде утврдена сериозноста на повредата.
Хрватскиот интернационалец Ивица Зубац блесна на натпреварот со 18 поени и 11 скока, со што покажа дека е достојна замена за повредениот Џавал Мекги на центарската позиција. Кајл Кузма постигна 19 поени, додека Леброн Џејмс го заврши дуелот со 17 поени и 13 скока. Андре Игудала со 23 поени беше најефикасен кај Вориорс, Кевин Дурент постигна 21 поен.
НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ
Јута – Портланд 117-96
Бостон – Филаделфија 121-114
Хјустон – Оклахома 113-109
Њујорк – Милвоки 95-109