Договорот на Благоја Милевски со израелскиот прволигаш Ашдод значи завршување на обврските со репрезентацијата до 21 година. „Спортмедиа“ дознава дека најблизу до селекторското место е Виктор Треневски.
По долга пауза Благоја Милевски се враќа на клупските обврски, а причината за тоа е изралескио прволигаш Ашдод, тим каде некогаш настапуваше како фудбалер. Новиот ангажман значи завршување на обврските со репрезентацијата до 21 година со која го забележа историскиот пласман на Европското првенство во Полска.
„Спортмедиа“ дознава дека најблизу до селекторското место на овој национален тим е Виктор Треневски, кој пред два дена се раздели со тимот на Дечиќ и тоа на четири кола до крајот на црногорскиот шампионат. Ваквиот расплет на работите веќе добива логика…Дали Треневски ќе биде наследникот на Милевски останува крајниот збор да го каже ФФМ.