Секс аферата која го стресе таборот на Ферари и пред се Кими Раиконен, е ситуација која сигурно нема да влијае на понатамошната соработка, тврди првиот човек на Скудерија Ферари, Серхио Маркионе.
Минатата недела се појави афера дека наводно Кими Раиконен малтретирал и вознемирувал девојка келнерка, која го обвинува за сексуален напад од пред две години.
Според Газета дело Спорт, Маркионе децидно тврди дека Раиконен нема ништо поврзано со овој исцениран скандал и дека тоа нема да влијае на неговиот договор.