Спорт 16. јуни 2018. / 10:21

Сега е јасно, oна што го направи Роналдо тешко дека некој друг ќе го повтори

Сега е јасно, oна што го направи Роналдо тешко дека некој друг ќе го повтори

Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо по маестралната партија против репрезентацијата на Шпанија (3:3) влезе во историјата на фудбалот.

Роналдо против Шпанците постигна хет-трик и така им се придружи на легедните кои успеаја да постигнат гол на четири светски првенства. Роналдо беше стрелец 2006, 2010, 2014 и 2018.

Интересно е што Роналдо е прв Европеец кој постигнал гол на осум врзани големи натпреварувања. Имено, беше стрелец на четири Светски првенства и четири Европски првенства во низа. Тоа досега на никого никогаш не му успеа да го направи.

Семоќниот Португалец со третиот гол против Шпанија собори еден неверојатен рекор. Стана најстар фудбалер кој постигна три гола на Мундијал, а Ронадло тоа го направи на 33 години и 330 дена старост.

Португалецот синоќа покажа зошто многумина го сметаат за најдобар фудбалер на светот.