Спорт 04. април 2018. / 12:35

Се знае кој е главен во регионот- Раул и момците

Се знае кој е главен во регионот- Раул и момците

Петмина вардарци и Шпанецот го предводат тимот на сезоната

Европскиот, регионалниот и македонски првак Вардар доминира во идеалниот тим на СЕХА лигата за оваа сезона, кој беше дефиниран според гласовите на капитените на сите 10 екипи кои се дел од регионалното натпреварување.

Предводени од најдобриот стратег Раул Гонзалез во тимот на сезоната се уште Тимур Дибиров (лево крило), Вуко Борозан (лев бек), Лука Циндриќ (среден бек), Даинис Криштопанс (десен бек) и Илија Абутовиќ (дефанзивец), како и Жарко Пешевски (пикер) од Металург се дел од најдобрата седумка. Во тимот уште е и голманот на Мешков Брест, Иван Пешиќ, како и десното крило на ППД Загреб, Златко Хорват.
Колку за потсетување Вардар регуларниот дел од сезоната го заврши со 17 победи и едно реми, а на Ф4 турнирот во Скопје (13-15 април) ќе ја бранат трикратната титула.