Спорт 24. декември 2018. / 20:12

Се подготвува голема трампа помеѓу Реал и Интер

Се подготвува голема трампа помеѓу Реал и Интер

Раководството на Реал Мадрид е подготвено да го пушти освојувачот на „Златната топка“ за 2018-та, Лука Модриќ во Интер во зима.
За таа цел, италијанскиот гигант мора да исполни одредени услови, наметнати од „белите“.

Тимот од Мадрид е подготвен да го ослободи 33-годишниот Хрват, но за возврат го сака напаѓачот на „нероазурите“, Мауро Икарди и дефанзивецот Милан Шкринијар, пишуваат медиумите во Италија.

Интер сакаше да го привлече Модриќ летото, но до зделка така и не дојде.