Sвездата Мохамед Салах од утре почнува рехабилитација во Шпанија и ќе биде во трка со времето за настап на Светското првенство во Русија.
Мохамед Салах заработи сериозна повреда во финалето од Лигата на шампионите при еден дуел со Серхио Рамос и неговиот настап на Светското првенство во Русија е под знак прашалник.
Прогнозите не се светли, но египетскиот фудбалер изрази надеж дека сепак ќе стигне навреме да се рехабилитира од повредата.
Тој од утре ќе биде во Шпанија каде ќе биде подложен на медицински третман за санирање на повредата на рамото.
Со него ќе бидат официјални лица од египетската репрезентација и претставници на Ливерпул.
Салах имаше неверојатна сезона во дресот на Ливерпул и би било голема штета доколку не може да настапи на Светското првенство за Египет.