Дали Роналдо ќе остане да игра во дресот на Реал Мадрид и понатаму е главна тема во Шпанија.
Роналдо од кралскиот клуб бара да му се зголеми месечната плата на 75 милиони евра, тоа е скоро дупло од она што зема во Реал Мадрид, објави шпанска „Кадена Копе“.
Со таа плата тој би станал најплатен играч во историјата на фудбалот. Меѓутоа се чини дека Фернандо Перез нема да ја исполни неговата желба.
Тој истакна дека најголемата плата може да биде до 30 милиони евра, но ништо повеќе од тоа.
Останува да видиме дали Кристијано ќе се согласи на тоа. Во секој случај ПСЖ спремно чека да му ги исполни сите желби…