Спорт 15. јули 2018. / 20:29

Роналдо слета во Италија – утре и официјално ќе стане дел од Јувентус (ВИДЕО)

Роналдо слета во Италија – утре и официјално ќе стане дел од Јувентус (ВИДЕО)

Трансферот на Кристијано Роналдо од Реал Мадрид во Јувентус привлече големо внимание.

Португалецот го шокира фудбалскиот свет, откако објави дека го напушта кралскиот клуб и дека се позиционира во редовите на италијанскиот шампион.

Роналдо денеска слета во Торино, а утре ќе потпише четиригодишен договор со Јувентус.