Кристијано Роналдо призна дека уште како дете сонувал да игра за Јувентус, а посебно беше импресиониран од аплаузот од трибините кога гостувал со Реал Мадрид.
Овој викенд конечно им се приклучи на новите соиграчи во припремите за новата сезона која почнува слениот викенд.
„Се чувствувам сјајно. Се е добро, тестовите се добри, луѓето околу стадионот, навивачите, луѓето од тренинг центарот се љубезни кон мене. Задоволен сум и среќен“, рече роналдо.
Најдобриот фудбалер на светот неочекувано ова лето премина од Мадрид во Јувентус за 100 милиони евра.