Спорт

РК Вардар стана шампион во СЕХА лигата!

РК Вардар стана шампион во СЕХА лигата!

Вардар во Скопје ја одбрани титулата во регионалната СЕХА Гаспром лига и стана најуспешна екипа во регионалното натпреварување со четири титули во седумте досегашни изаднија. Во големото финале на Ф4 турнирот што се одржа викендов во СЦ “Јане Сандански“, Вардар го победи ППД Загреб со 26-24 . Титулата е круна за „црвено-црните“ во перфектната сезона без пораз во вкупните 20 натпревари во СЕХА лигата.

Лука Циндриќ и Дианис Криштопанс постигнаа по пет гола, Арпад Штербик запиша осум одбрани во победата за нова титула на Вардар. Во редовите на ППД Загреб, Златко Хорват беше најефикасен со осум гола.