Спорт 30. мај 2018. / 14:30

ПСЖ му нуди вртоглава сума на Роналдо

ПСЖ му нуди вртоглава сума на Роналдо

Пари Сен-Жермен е одлучен во намерата да го ангажира Кристијано Роналдо, а за неговата плата годишно е спремен да издвои 45 милиони евра.

Парижаните сакаат да го искористат незадоволството на Роналдо во Реал и по примањата да го изедначат со моментално најплатениот фудбалер Лео Меси од Барселона. Португалецот во Мадрид секоја година заработува 21 милион евра.

Роанлдо одма после освојувањето на трофејот на Лигата на шампионите најавил можност за заминување од Мадрид, но на прославата по повод освојувањето на титулата им порача на навивачите дека ќе го видат и следната година.