Спорт 14. септември 2018. / 12:14

ПСЖ: Јувентус е нашиот најголем ривал во Европа!

Насер Ел-Калаифи, претседателот и сопственик на ПСЖ, минатото лето го собори светскиот рекорд, купувајќи го Нејмар од Барселона за 222 милиони евра. Ова лето „светците“ беа мирни на пазарот, а катарскиот шеик првпат се произнесе за трансферот на Роналдо во Јуве.

„Со Роналдо, Јувентус станува нашиот најголем ривал во Европа. Честитки за трансферот, одлична работа“, изјави Ал-Хелаифи за римски „Кориере дело Спорт“.

ПСЖ за да го испочитува финансискиот фер-плеј ова лето ги продаде или позајми: Трап, Берчиче, Ло Селсо, Лукас Моура, Пасторе…