Спорт 18. септември 2018. / 14:31

Пријателите во шок кога и го виделе мртвото тело: Почина петкратната европска шампионка во кик-бокс

Пријателите во шок кога и го виделе мртвото тело: Почина петкратната европска шампионка во кик-бокс

Петкратната европска шампионка во кик- бокс Дијана Каратеева, е пронајдена мртва во нејзиниот дом во Абакан, Хакасија, објави ТАСС.

Прелиминарната причина за смртта на 23-годишната руска спортистка е труење со јаглерод моноксид.

– Дијана Каратеева беше пронајдена во нејзиниот дом без никакви знаци на живот. На 16 септември беше пронајдена од пријатели кои повикаа итна помош, соопштија тамошните власти.