Спорт 11. септември 2017. / 21:38

Познат последниот противник на ЖРК Вардар во групната фаза на Лигата на шампиони

Познат последниот противник на ЖРК Вардар во групната фаза на Лигата на шампиони

Оова за варадарки ќе биде четврто меѓусебно соочување во Лигата на шампионите со ракометарките на Турингер<

Ракометарките на Вардар ја доби последната екипа која ќе игра во групната фаза на Лигата на шампиони, а тоа е екипата на Турингер од Германија.

Германките со две победи без никакви проблеми ги победија Хорс со резултат 33:24.

Првиот дуел со Турингер во Ц групата од Лигата на шампионите ќе се игра во периодот од 13-ти до 15-ти октомври на гости, а реваншот е на 17-ти ноември во Скопје.

Инаку, ова за варадарки ќе биде четврто меѓусебно соочување во Лигата на шампионите со ракометарките на Турингер. Во сезоната 2016/2017 на домашен терен во Скопје извојува победа со 36:26, а на гости со 31:29.

Првпат „црвено-црните“ играа во сезоната 2013/2014 и тоа нерешено во гости 24:24, а победија дома со 31:25. Наредната 2014/2015 сезона повторно играаа и Турингер победи на домашен терен 21:20, а во Скопје победи Вардар 26:21.