Коментаторот на Хрватската телевизија Драго Ќосиќ доби отказ од своето работно место поради обид за препродажба за влезници за финалето на Светското првенство. На „црниот пазар“ се нашле вкупно 40 влезници – 4 за финалето и 36 за други натпревари.
Притоа ФИФА во својата истрага откри буквално се. Меѓу влезниците за препродажба се нашле и тие со сериските броеви кои биле на имињата на луѓе вработени во ХТВ, коментаторот Ќосиќ и координаторот за меѓународни работи Саша Дедиќ
Адвокатот на Ќосиќ, Мате Матиќ најави тужба поради отказот на неговиот клиент, која не подразбира отпремина.
– Драго сака се да се реши на суд. Нема земено ниту една куна и тоа сака да го докаже, изјави Матиќ.
Цената на влезниците за финалето на „црно“ изнесуваше околу 20.000 евра, но Ќосиќ и Дедиќ немаат ништо добиено бидејќи ФИФА влезниците на ХРТ ги имала блокирано.