Спорт 21. декември 2018. / 19:57

Поради невнимателност фудбалер на Интер останал без 150.000 евра

Фудбалерот на Интер, Раџа Наинголан на бизарен начин останал без 150.000 евра.

Крадци ја искористиле невнимателноста и неспортскиот начин на живот на Белгиецот и успеале да стигнат до чекови кои потоа ги фалсификувале и инкасирале 150.000 евра.

Наинголан по ова завршил во полициска станица. Заедно со него бил и човек од Интер, а во текот на решавањето на случајот откриено е дека белгискиот фудбалер имал коцкарски загуби во казино во Монте Карло.

Долговите настанале минатото лето, односно во август оваа година, а наводно фудбалерот останал без огромна сума на пари.

Наинголан во минатото често пати беше критикуван поради неспортскиот начин на живот. Меѓутоа никогаш не се откажа од истиот.