Косовскта фудбалска легенда, ѕвездата на косовскиот и југословенскиот фудбал, Фадиљ Вокри, почина утрово од срцев удар на 57-годишна возраст, јави дописникот на МИА од Приштина.
Веста за смртта на Вокри, кој долги години откако престана активно да игра фубал и беше претседател на Фудбалската федерација на Косово, за „Газета Експрес“ ја потврдил негов близок пријател.
– Се верува дека е срцев удар, но го чекаме лекарскиот извештај, изјавил изворот на приштинскиот портал.
Фадиљ Вокри беше славен како еден од најдобрите центарфори во осумдесетите години во југословенскиот фудбал. Играше за фудбалските клубови Приштина и Партизан од Белград, а беше член и на репрезентацијата на тогашната заедничка држава.