Горан Пандев ја одведе Македонија на Европското првенство, а после натпреварот истакна дека никогаш не бил посреќен.
–Сум играл многу големи натпревари, ама никогаш не сум бил среќен како сега. Моето искуство помогна да ја оствариме целта и да се пласираме на Европското првенство, изјави кратко Пандев по натпреварот.