Отвореното првенство на Австралија ќе има зголемен паричен награден фонд, кој наместо 43,95 милиони долари минатата година, сега ќе изнесува 62,5 милиони австралиски долари.
Првите луѓе на турнирот со ова покачување направија нова корекција, бидејќи пред два месеци наградниот фонд беше зголемен на 60,5 милиони австралиски долари. Главната причината за зголемувањето е падот на австралискиот долар.
Првиот Грен слем турнир во новата година ќе се одржи од 14 до 27 јануари, а освојувачите на трофејот во машка и женска конкуренција ќе добијат идентични 4,1 милиони австралиски долари.
Титулата во машка конкуренција ја брани Роџер Федерер, додека во женска бранителка ќе биде Каролин Возњацки.