Спорт 20. јули 2018. / 15:42

Откриена вистинската причина зошто Роналдо замина во Јувентус

Откриена вистинската причина зошто Роналдо замина во Јувентус

Претседателот на шпанската Ла Лига, Хавиер Тебас тврди дека Кристијано Роналдо не ги навел вистинските причини за преминот од Реал во Јувентус, кога рекол дека му е потребен нов предизвик во кариерата.

Роналдо пред неколку денови премина од Реал во Јувентус во трансферот вреден 112 милиони евра и тоа дефинитивно го потресе фудбалскиот свет.

Португалецот по девет години одлучил да ја промени средината, а го избрај италијанскиот клуб со најмногу трофеи.

Во Јувентус се воодушевени што успеале да го доведат петократниот освојувач на Златна топка.

Некои сметаат дека Роналдо отишол во Италија бидејќи таму даноците за фудбалерите се многу попогодни.

„Таму ќе заработува повеќе пари. Него повеќе му одговара да биде во Италија, што се однесува до парите. Меѓу сите големи лиги, шпанската има најлоша ситуација што се однесува до даноците. Не дека во другите држави данокот е многу понизок, но кога заработувате толку пари како тој, таа мала разлика во проценти значи голема разлика во парите за играчите“, изјавил Тебас.