Спорт 27. октомври 2020. / 20:01

Одобрен протоколот за организирање на спортски натпревари

Одобрен протоколот за организирање на спортски натпревари

На денешната седница Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести да го одобри Општиот протокол за организирање на спортски натпревари во услови на пандемија со Ковид-19.

Целта на протоколот, како што информира владината прес-служба, е спречување на ширење на коронавирусот меѓу спортисти, спортски работници, службени лица и сите останати лица вклучени во одигрување и организација на натпреварите.