Според денешното издание на Рекорд, Кристијано Роналдо решил да замине од Сантијаго Бернабеу, одлуката на ЦР7 е конечна и нема враќање назад.
Иднината на Португалецот на Сантијаго Бернабеу виси во воздух од финалето во Лигата на шампионите, кога самиот играч по последниот свиреж во Киев најави заминување.
Денешното издание на Рекорд има сторија на оваа тема, најтиражниот португалски спортски весник го стави Роналдо на својата насловна страна и пренесе: „Кристијано заминува од Мадрид“.
Извештајот вели дека ЦР7 решил да го напушти Реал, одлуката за збогување со „Кралевите“ е конечна и „нема враќање назад“. Како причина за ваквиот потег на играчот весникот го посочува Флорентино Перез, односно неисполнетите ветувања кои ги дал претседателот.
„Не се работи за пари, туку за признание“ – вели Рекорд и открива каде Роналдо би можел да игра: „Италија, Франција и Англија се можни дестинации“.