Спорт 29. мај 2018. / 21:33

Одбојкарите утре и гостуваат на Австрија

Одбојкарите утре и гостуваат на Австрија

Македонската одбојкарска репрезентација замина за Австрија каде утре ќе го одигра четвртиот натпревар од фазата по групи во Сребрената европска лига.

По стартниот триумф над Косово, нашата селекција забележа два последователни порази и тоа по еден на домашен и гостински терен.

Утре се соочуваме со Австрија која во неделата во Скопје славеше со 3:1 и на овој меч избраниците на селекторот Љубомир Травица имаат добра можност да се реваншираат за поразот и да стигнат до вториот триумф во ова натпреварување.

Во пресрет на утрешниот меч селекторот Травица има проблеми со повредата на првата ѕвезда во тимот Никола Ѓорѓиев, но тој најави дека без оглед на се тој ќе им помогне на своите колеги.

Утрешниот натпревар почнува во 20 часот и 15 минути, а по враќањето во Скопје следуваат подготовките за завршните два дуели во овој сегмент од натпреварувањето и мечевите на домашен терен со Летонија и Косово.