Спорт

Новиот дрес на Реал е направен од пластичен отпад

Новиот дрес на Реал е направен од пластичен отпад

Новиот дрес на шпанскиот тим Реал Мадрид е направен од рециклиран океански пластичен отпад, објави „Метро“.

Компанијата за спортска опрема „Адидас“ го презела предизвикот за заштита на океанот од загадувањето со пластични објекти кои доаѓаат од домаќинствата. Таа е партнер со еколошката организација „Parley for the Oceans“.

Алтернативниот дрес на освојувачот на Лигата на шампионите е во црвена боја. Тој беше претставен во Њујорк, а фудбалските ѕвезди на „кралскиот“ клуб влегоа во улогата на манекени. Со „рециклираните“ дресови се појавија Карим Бензема, Лукас Васкез, Начо Фернандез и Марсело.

Новиот дрес потоа беше носен од Реал за нивниот натпревар против Рома во Њу Џерси, како дел од Интернационалниот куп на шампионите.