Спорт 30. април 2018. / 10:08

Нов рекорд: Меси го постигна 1.000-от гол во својата кариера

Нов рекорд: Меси го постигна 1.000-от гол во својата кариера

Лионел Меси синоќа го постигна јубилејниот 1.000 гол во својата кариера, пишуваMundo Deportivo.

Аргентинецот вчера на гостинскиот меч во 35 коло против Депортиво, го постигнал 1.000 гол во својата кариера, а се почнало од 1994 година, кога Меси почнал да игра за Њуелс Олд Боис.

Меси во кариерата, вкупно одиграл 1.116 натпревари. На официјални средби за Барселона постигнал 550 гола на 634 меча.