Спорт 17. ноември 2018. / 23:06

Ноле против Зверев во финале во Лондон

Српскиот тенисер Новаќ Ѓоковиќ го победи Кевин Андерсон со 2-0 во сетови, на завршниот Мастерс во Лондон.

Ѓоковиќ направи брејк на противничкиот сервис уште во првиот гем, а потоа продолжи со добрата игра и стигна до уште еден брејк за водство од 5-2, па без проблеми го освои првиот сет со 6-2.

Во вториот сет речиси слична ситуација. Тргна со брејк во првиот гем, а потоа направи уште еден во петтиот гем за водство од 4-1 и на крајот сервираше сигурно за конечни 6-2.

Србинот во финалето ќе се пресмета против Александер Зверев, кој претходно беше подобар од Роџер Федерер со 2-0 во сетови, односно 7-5 и 7-6 (7-5).