Спорт 03. јануари 2019. / 12:01

Ноле: Македонија, Хрватска и БиХ ги гледам како свои

Ноле: Македонија, Хрватска и БиХ ги гледам како свои

Новак Ѓоковиќ, најдобриот светски тенисер, изјави дека Македонците, Хрватите и Босанците ги чувствува како свои.

-Свесен сум за политичката ситуација и знам дека раните од војната се свежи за многу луѓе. Се молам за сите кои се уште имаат последици од таа војна, но силно верувам дека спортот треба да биде надвор од политиката. Хрватска, Македонија, Босна и Херцеговина се нашите први соседи и јас ги гледам како свои. Знам дека многумина ќе бидат навредени од ова што го зборувам, но ги разбирам и нив и ги почитува, само го кажувам моето мислење – изјави Ѓоковиќ.