Спорт

Натпреварот Израел – Аргентина можно е да се премести во Барселона

Натпреварот Израел – Аргентина можно е да се премести во Барселона

Последниот тест натпревар за Аргентина пред Светското првенство 2018 година, што е закажан за 9 јуни со Израел на гостински терен, може да биде преместен во Барселона. Причината за ова е наглото влошување на ситуацијата во регионот на Блискиот Исток.

Селектор на Аргентина, Хорхе Ѕампаоли не ја крие својата желба да се игра натпреварот во Барселона, каде што неговиот тим ќе ги одработи финалните подготовки пред Мундијалот во Русија.

Конечната одлука за местото на одигрување на натпреварот ќе биде донесена пред крајот на оваа недела.

Светското фудбалско првенство почнува на 14 јуни.

Аргентина ќе игра во Д-групата со Исланд, Хрватска и Нигерија.