Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се подготвува за новата тениска сезона и смета дека ќе биде во топ-форма за Грен Слем турнирот Австралијан Опен кој се игра во јануари.
32-годишниот тенисер се откажа од завршниот турнир поради болки во коленото, а активно почнал да тренира пред две недели.
-Активно почнав да тренирам пред две недели и правам мали чекори напред. Сакам да сум сигурен дека одам напред. Работам напорно за да не правам еден чекор напред, а два назад. Имам време да бидам спремен за настапот во Мелбурн со 100%- изјави Надал.
Надал ја заврши годината на второто место на АТП-листата, зад Новак Ѓоковиќ. Турнирот Австралијан Опен започнува на 14 јануари.