Спорт 31. октомври 2018. / 11:10

На маж во публиката му се слоши, Ѓоковиќ истрча до него и му подаде мокар пешкир (ФОТО)

На маж во публиката му се слоши, Ѓоковиќ истрча до него и му подаде мокар пешкир (ФОТО)

Новак Ѓоковиќ вчера обезбеди пласман во третото коло од Мастерсот во Париз, но победата над Соуза остана во сенка на еден потег на српскиот ас.

Во финишот од мечот, на еден од гледачите му се слоши, а Ѓоковиќ го забележа тоа и ја прекина играта, истрча до него и му подаде мокар пешкир.

По укажувањето помош, господинот беше изнесен од арената, а Ѓоковиќ доби громогласен аплауз.