Спорт 05. јуни 2018. / 15:18

МЗТ ќе игра во втората Јадранска лига

МЗТ ќе игра во втората Јадранска лига

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром и наредната сезона ќе „плови“ на Јадранот, откако го потврид настапот во регионалната АБА-2 лига.

„Штрковите“ минатата година како последнопласирани испаднаа од елитното друштво, па ќе мора да играат во втората лига на регионот. Од МЗТ веруваат дека настапот во АБА-2 ќе биде добро искуство, со екипи меѓу кои се и поранешните европски прваци КК Сплит и КК Босна.

Целта на МЗТ ќе биде враќање во елитната АБА-лига, а исто така во второлигашката конкуренција се гледа и шанса за стекнување на искуство на помладите македонски кошаркари од таборот на аеродромци.