По повеќе од неколкумесечните „расправии“, како и заради очајните резултати во новата сезона на Премиер лигата, раководството на Манчестер Јунајтед се реши да му врачи отказ на Жозе Мурињо.
Веќе подолго време „спацијалниот“ имаше посебен третман од челните лица на клубот од „Олд Трафорд“, но се чини дека поразот од Ливерпул ја прели чашата и Португалецот го напушта англискиот гигант без некој позначаен успех во двете и пол сезони во кои беше на чело на тимот.
Со Мурињо на клупата Јунајтед успеа да ја освои само Лигата на Европа пред две сезони, но во новата сезона резултатите се далеку под очекувањата и со само 28 бода тимот е на резочарувачкото 6. место во ПЛ.