Каталонскиот весник „Мундо Депортово“, кој важи за близок до Барселона, тврди дека Каталонците постигнале договор со Севилја за трансфер на дефанзивецот Клеман Ленгле. Претставници на двата клуба имале две средби и наводно си пружиле рака за трансфер вреден помеѓу 30 и 35 милиони евра, а Ленгле ќе потпише 5-годишен договор со Каталонците.
Младиот Французин одигра фантастична сезона во дресот на Севилја и се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Примера, па на „Камп Ноу“ доаѓа по барање на тренерот Ернесто Валверде.