Тажен сум бидејќи изгубивме, но и горд на се што направивме во Русија, изјави по поразот од Франција во финалето на Светското првенство во Москва, капитенот на хрватската репрезентација и најдобриот играч на Мундијалот Лука Модриќ.
„Не е лесно да се изгуби, треба да се почека да се смират емоциите. Бевме подобра екипа во поголемиот дел од натпреварот, но не уништија тие несреќни голови. И еве – Французите слават, а ние сме горди“, изјави Модриќ, добитник на Златка топка, пренесува Хина.