Спорт 27. декември 2018. / 10:55

Меси: Ривалството со Кристијано беше многу здраво и многу убаво за гледачите

Меси: Ривалството со Кристијано беше многу здраво и многу убаво за гледачите

Првата ѕвезда на Барселона, Лионел Меси, во интервјуто за Марка, посочи и свое гледиште во однос на ривалството со Кристијано Роналдо, поранешниот фудбалер на Реал Мадрид кој летово направи трансфер во Јувентус.

-Ривалството со Кристијано беше многу здраво и многу убаво за гледачите-рече Аргентинецот во однос на ривалството со Португалецот, кој притоа во интервјуто за весникот додаде дека семејството е над се’.

-Го сакам фудбалот, но семејството е над се- заклучи Аргентинецот.

Меси притоа се осврна и на Златната топка која годинава му припадна на Лука Модриќ, тој издвои дека веднаш штом ги видел номинираните за таа награда, знаел дека нема да биде во потесниот избор.